Јапонскиот премиер веќе не е сигурен во одржувањето на ЛОИ во Токио

0

Јапонскиот премиер Шинзо Абе денеска за првпат изјави дека Олимпијадата во Токио ќе треба да се одложи доколку не може да бидат соодветно организирана поради пандемија на коронавирус.

„Тешко е, но можеби нема да имаме друг избор освен да ги одложиме натпреварите“, рече тој пред парламентот.

Организаторите на Олимпијадата започнаа да разговараат за алтернативните датуми, па за еден месец се чека нов собир и на ИОК со единствена точка на дневниот ред – Олимпијадата во Токио и нејзиното одржување.

Share.

Leave A Reply