Јармоленко сака раскин на договорот со Вест Хем за да оди во Фенербахче

0

Украинскиот напаѓач од англиски Вест Хем, Андриј Јармоленко, сака да го раскине договорот со „чеканите“ и да се пресели во турски Фенербахче.

Турскиот клуб разговарал со Јармоленко за условите на договорот и деталите за можната зделка во текот на тековната сезона, но играчот не беше задоволен од предлозите на Фенербахче за ова лето да се пресели во Турција. Сега, 31-годишниот напаѓач, по уште еден предлог на турскиот клуб, преговара со Вест Хем за раскинување на договорот, кој трае до 2022 година.

Јармоленко стана играч на Вест Хем во јули 2018 година, а во тековната сезона има 2 гола и 3 асистенции на осум натпревари за „чеканите“.

Share.

Leave A Reply