Јохаг наметна пеколно темпо

0

Норвежанката, Тереза ​​Јохаг, беше најбрза на денешната трка во слободен стил на 10 километри реализирана во рамките на Светскиот куп во нордиско скијање на патеката во швајцарскиот зимски центар Давос.

30-годишната натпреварувачка која неодамна се врати на патеката по 18-месечната казна поради допинг, успеа да ја забележи петтата победа во исто толку трки од стартот на сезоната. Норвежанката победи пред сонародничката Ингвилд Флугстад ​​Јостберг и  третопласираната, Криста Пармакоски од Финска.

Јохаг со максимален ефект или 600 бодови е лидер во рангирањето пред Јостберг (Норвешка) со 451 поени и Андерсон (Шведска) со 409 поени.  Ски-тркачите сега ги очекува пауза од две недели или до 29 декември.

Share.

Leave A Reply