Јокиќ незадржлив, Денвер славеше над Оклахома

0

Српскиот центар Никола Јокиќ, кој постигна дабл-дабл од 27 поени, 12 скока и 6 асистенции беше најзаслужен што кошаркарите на Денвер ја остварија седмата сезонска победа, откако синоќа на домашен терен славеа над Оклахома Сити Тандер со 119:101. Јокиќ оствари уште еден дабл-дабл со што само ја потврди својата извонредна форма. Оклахома го регистрираше третиот пораз на последните 4 настапи сезонава.

Во вториот меч синоќа, Руди Гоберт со 13 поени и 18 скока ја предводеше Јута до победа над Њу Орлеанс на свој терен со 118:102. Sвездата на Пеликанс, Зион Вилијамсон беше најрасположен кај гостите и со 32 поени и 5 скока, не успеа да им помогне на Пеликанс да го избегнат поразот.

Share.

Leave A Reply