Јокиќ со сирената за победа над Дончиќ

0

Никола Јокиќ со поени со сирената успеа да му донесе 45-та сезонска победа на Денвер во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Во дербито против Далас, Србинот погоди шут со една рака во последните стотинки на мечот и со тоа го разочара младиот Лука Дончиќ кој беше најдобар поединец во гостинскиот состав.

Денвер славеше со 100:99, а Јокиќ средбата ја заврши со 11 поени и 14 скока. На спротивната страна Дончиќ постигна 24 поени.

Синоќа добар меч одиграа и кошаркарите на Торонто кои ги поразија Лејкерс со 111:98 иако Леброн Џејмс кај гостите имаше 29 постигнати поени. Бостон пак предводен од Ирвинг кој постигна 31 поен дојде до победа на домашен терен против екипата на Сакраменто со 126:120.


Индијана – Оклахома 108: 106

Орландо – Кливленд 120: 91

Бостон – Сакраменто 126: 120

Торонто – ЛА Лејкерс 111: 98

Јута – Минесота 120: 100

Денвер – Далас 100: 99

Share.

Leave A Reply