Фото Галерија

Галерија

Фото Вест

      

Поранешниот селектор на фудбалерите на Италија, Марчело Липи, денеска беше официјално претставен како нов тренер на кинескиот состав Гуанжу кој има големи амбиции во Азискиот шампионат.

Маркетинг


Пријатели


No Image
Гуарин и дефинитивно играч на Интер
18.05.2012.

 Италијански Интер го финализираше трансферот на колумбискиот играч од средниот ред, Фреди Гуарин. Откако помина полусезона како позајмен играч од Порто во редовите на „нероаѕурите“, Гуарин доби право да преговара за перманентен договор со Интер, а Италијанците успеаја да го откупат и официјално да го имаат како свој играч следната сезона.

Гуарин во најголем дел од полусезоната имаше проблеми со листовите на нозете и му требаше време да се лекува, но сепак со добрите настапи на средбите кои ги одигра, покажа дека вреди за влогот кој треба да се направи. Според последните информации, Интер за него извадил 11 милиони евра.

Веста за реализираниот трансфер беше објавена на официјалниот сајт на тимот од Милано. Агентот на Гуарин пред два дена откри дека Интер уште пред две години имал интерес за неговиот клиент. 

 
Робен е болен, нема да игра во финалето на ЛШ?
18.05.2012.

 Крилото на Баерн (М), Ариен Робен го напушти вчерашниот тренинг на тимот. Два дена пред финалето во Лигата на Шампионите тој е болен, јавија германските медиуми

Не ми е добро, гледам да си ја зачувам енергијата и силата. Ако не кренам 40 степени температура се надевам дека ќе можам да играм, изјавил Робен за весникот Билд.

В сабота во Минхен, Баерн и Челзи ќе се борат за европската фудбалска круна. Робен беше во одлична форма во последно време и евентуалното негово отсуство ќе биде сериозен проблем за Јуп Хејнкес. Покрај Робен Баерн на оваа средба треба да истрча и без Луис Густаво, Холгер Бадштубер и Давид Алаба. 

 
Кавани нема да го послуша Наполи, ќе игра на ЛОИ
18.05.2012.

 Голгетерот на Наполи Единсон Кавани категорично потврди дека ќе игра за Уругвај на Летните олимписки игри во Лондон 2012, дури и доколку неговиот сегашен клуб Наполи не се согласи на тоа.

Сакам да одам на Олимпијадата и тоа е дефинитивен мој одговор на сите шпекулации. Нема да прифатам "не" од Наполи. Веќе зборував со нив за тоа и бев јасен, сакам да играм за својата татковина, потврдил Кавани.

Игрите во Лондон 2012 ќе траат до 12 август и ќе се судрат со периодот за подготовка на Наполи за новата сезона. Тоа е главната причина поради која наполитанците не сакаат да го пуштат својот најдобар фудбалер да замине во Британија. Сепак, Уругвај најави дека очекува олимписко злато во Лондон, а тоа е повеќе од добра мотивација за Кавани да настапи на олимпискиот турнир.

 
Милиќ потпиша нов едногодишен договор со Вардар Про
17.05.2012.

 Првиот голман на првиот шампион на СЕХА лигата Вардар Про, Страхиња Милиќ, останува во редовите на скопските „црвено-црни“ уште една сезона. Милиќ од белградски Партизан дојде во Вардар во зимскиот преоден рок како замена за Борко Ристовски, и оттогаш е незаменлив на голот на „вардарци“.

„Го продолжив договорот со Вардар на уште една година. Приказната за клубот од Германија кој се интересираше за мене се изјалови, па решив да останам во Скопје, бидејќи овде ми е одлично. Имаше понуди од некои други клубови од Гермабнија, но јас се определив за Македонија“, вели Милиќ во изјава за белградски „Журнал“.

Милиќ своите квалитети ги потврди и на досегашните средби за Вардар, па сега треба да биде еден од клучните играчи и во завршницата од Купот на Македонија. Вардар Про утре против Пелистер ќе се бори за место во финалето на Купот кое се игра в недела во СЦ „Б. Трајковски“.

 
Војдан со 13 поени во првата финална победа на Доњецк
17.05.2012.

 Македонскиот кошаркарски репрезентативец Војдан Стојановски ја оствари првата победа во финалната серија од плеј-офот во украинското првенство. Тој и неговиот тим Доњецк славеа во првиот финален меч со Азовмаш на домашен терен со 83:66 и со тоа поведоа на стартот на финалето.

Стојановски одигра значајна улога и на оваа средба, реализирајќи 13 поени за својата екипа, што го направи и трет поентер во победничкиот состав. Тој помина повеќе од 20 минути на паркетот, при што реализираше и 7 скока, најмногу во својата екипа.

Војдан имаше 80% реализација за 2 поени (4/5), реализираше 1 тројка од три обиди, а биеше прецизно во двете слободни фрлања. Задутре на програмата ќе биде и вториот меч од финалната серија. И тој како и денешниот меч ќе се одигра на теренот на Доњецк.

 
Голот на Савиќ во избор за најдобар гол во сезоната
17.05.2012.

 Официјалниот веб-портал на ФК Волин од Украина, понуди пет најубави погодоци на своите првотимци во изборот за наубав гол во сезоната 2011/12. Меѓу петте предлози за кои можат да гласаат сите фанови на овој фудбалски клуб, се најде и еден од головите кои ги постигна нашиот интернационалец Душан Савиќ.

Имено, станува збор за голот кој Савиќ го постигна на средбата со екипата на Металург во Доњецк за победа на неговата екипа од 3:0. Тоа беше вториот гол на мечот, а за Савиќ прв и единствено во составот на Волин во првенството, откако во јануарскиот трансфер период се пресели во Украина.

Покрај голот на Савиќ во изборот за најубав погодок влегоа и три гола на најдобриот стрелец на тимот, Маикон, како и еден на Лопез. Гласањето официјално ќе трае до 25 мај, по што ќе биде соопштен победникот во изборот.

Прочитај повеќе...
 
Саволди: Пандев е решението за финалето со Јувентус
17.05.2012.

 Поранешниот напаѓач на екипата на Наполи, Бепе Саволди, во изјава за италијанското радио „Кис Кис“ го советуваше тренерот на наполитанците Валтер Мацари да му даде предност на Горан Пандев во составот кој в недела ќе се појави на „Олимпико“ против Јувентус во финалето на Купот на Италија.

„Јас искрено би се обложил на Пандев во финалето. Тој во моментов може да направи многу повеќе од Лавеци“, вели Саволди и додава дека Наполи мора да внимава на одбраната, затоа што во последните неколку средби таа беше најслабиот дел од тимот.

Јувентус и Наполи в недела од 21 часот влегуваат во трка за Куп трофејот. За Јуве тоа е надеж за двојна круна, за Наполи шанса по цели 25 години да го врати куп пехарот во своите витрини.

 
Тензии меѓу Вардар Про и Металург, ....
17.05.2012.

 Синоќа се случил инцидент во спортскиот центар „Борис Трајковски“ меѓу тренинзите на двата најдобри македонски ракометни тимови, Металург и Вардар про, пренесува официјалниот сајт на тимот од Автокоманда.

 

Во моментите кога „црвено-црните“ завршувале со тренингот а Металург се спремал да започне, тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ најпрвин вербално, а потоа и физички се обидел да се пресмета со помошник тренерот на Металург, Александар Петровски.

 

„Вујовиќ дојде и без никаква причина ме турна и се обиде физички да се пресмета со мене. Сакам да прашам до кога ќе се толерира ова однесување на Вујовиќ. Се чудам и не можам да го сфатам ова. Сакам за ова да реагира РФМ, зашто вакви работи се правеа пред 30 години – се вели во изјавата на Петровски објавена на официјалната страна на Металург.
 
Илиевски ќе пропушти дел од подготовките
17.05.2012.

 Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Марјан Лазовски, се соочува со голема главоболка пред стартот на подготовките за претстојните олимписки квалификации, кои ќе се одржат од 2 до 8 јули во Венецуела.

Поради обновување на повредата на мускулот на ногата, Владо Илиевски ќе мора да му се приклучи на националниот состав нешто подоцна. Тоа значи дека репрезентативниот бек нема да отпатува за Литванија каде што од 11 до 18 јуни ќе одиграме пријателски натпревари со домаќинот и со селекцијата на Русија.

„Илиевски нема да може да ни се приклучи на стартот на подготовките. Резултатите од прегледите покажаа дека ќе мора да се подложи на терапијаоколку се биде в ред, очекуваме да го имаме по враќањето од Литванија“, потенцираше селекторот Лазовски.

 
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 14 од 20110
No Image
No Image No Image No Image

Лична Карта

 
Адреса: бул. 8 Септември ББ,
сала:  Б. Трајковски
Тел/факс: 02/31 21 903
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
SMS 070/075/077 145 903
 
Биди наш пријател
  
 Спортско радио 90.3 фм  

 
 
 

ФОТО - 7. РОДЕНДЕН


Резултати

РАКОМЕТ, КУП НА МАКЕДОНИЈА
ПОЛУФИНАЛЕ:
17.45 Вардар Про - Пелистер
20.10 Куманово - Металург
 
НБА, ПЛЕЈ-ОФ
Индијана - Мајами 94-75 (2-1)
Сан Антонио - ЛА Клиперс 105-89 (2-0)

Партнери


 
     
 
 
 

           

 

 

Анкета

Кој ќе биде нов европски шампион во фудбал?
 
No Image
© 2012 Спортско Радио 90,3
Joomla! is Free Software released under the GNU/GPL License.
No Image