Хрватскиот ракометар, Ловро Јотиќ, е најновото име на платниот список на Вардар.
Тој во претходната сезона играше за битолскиот Еурофарм Пелистер под диригентската палка на Стевче Алушовски а сега двајцата ќе соработуваат и во „црвено-црниот “ состав. Јотиќ иако беше и на радарот на Металург, сепак се определи да заминe во редовите на двократниот европски шампион.
Вардар во текот на летово успеа да ги ангажира. Јагуриновски, Кантегрел, Талески, Георгиевски, Вујин, Векиќ, Валчак и Гаџа.