Српскиот кошаркарски центар во редовите на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше 34 поени и 14 скокови на мечот со Клиперси, вели дека неговиот тим само се забавувал на теренот и не чувствувал притисок иако противникот имаше предност од дури 19 кошеви.
„Мене ми е баш забавно. Не се плашиме од никого, играме кошарка. Притисокот е сега врз нив“ – истакна Јокиќ. Денвер иако губеше со 3-1 успеа да се избори за мајсторка. Тоа се случи и во претходната рунда против Јута џез.
Статистика вели дека Денвер доколку успее да ги елиминира Клиперси, ќе биде првиот тим во историјата на НБА што во две фази од плеј-офот направил пресврт откако губел со 3-1.