Јотиќ верува во успех

0

Бекот на Еурофарм Пелистер, Ловро Јотиќ, ја залечи повредата и ќе биде на располагање за утрешниот реванш со Нексе во првата елиминациска фаза во СЕХА конкуренцијата. Битолчани во првиот меч во Нашице загубија со три гола што значи дека утре во реваншот немаат просотр за калкулација и мораат да одат на убедлива победа од најмалку четири голови разлика.

„Ни доаѓа тежок натпревар и имаме еден мал притисок по поразот од три разлика. Мора да ја задржиме или подобриме одбраната а во нападот мора да реагираме и да го заборавиме првиот лоши натпревар“ – вели Јотиќ.

„Можеме да напредуваме во транзиција,  во Битола ќе имаме и има одлична атмосфера. Со малку среќа и исполнување на советите на стручниот штаб, мислам дека можеме да се радуваме“ – рече хрватскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер на денешната прес-конференција.

 

 

Share.

Leave A Reply