Јотовски го чека противникот за 2. коло

0

Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски денеска го очекува мечот од второто коло на силниот фјучерс кој се реализира во хрватскиот град Ровињ на земјена подлога за 15.000 американски долари.

Тој вчера на стартот го совлада Бразилецот Бруно Сант` Анна (452 место на АТП листа) со 2-1 во сетови во меч што траеше 138 минути. Јотовски сега го чека победникот од дуелот меѓу првиот носител Зденек Колар од Чешка и квалификантот, Василие Антонеску од Романија.

Во игра на двојки нашите претставници Јотовски и Србљак, беа поразени во 1.коло со 2 спрема 1 во сетови од првите носители браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска

Share.

Leave A Reply