Јотовски го победи Јандриќ на турнирот во Белград

0

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски настапува на турнир во Белград, а денес во рамките на второто коло од својата група ја забележа и првата победа. Во вториот меч од групната фаза Јотовски беше подобар од Дарко Јандриќ со 2:0 во сетови (6:1, 6:3).

Македонскиот тенисер демонстрираше одлична игра и за 1 час и 20 минути го доби својот противник. Котовски имаше и вчера добар натпревар, но загуби од Никола Цациќ со 2:1.

Томислав Јотовски има една победа и еден пораз во групата, а во последното коло од првата фаза ќе игра со главниот фаворит во неговата група, тоа е Марко Тепавац (419 на АТП-листа).

За разлика од тенисерите од Србија кои имаа повеќе време за тренинг, Јотовски многу малку тренираше во Скопје поради мерките против ширење на пандемијата.

Share.

Leave A Reply