Јотовски го задржа местото на АТП листата

0

Нашиот тенисер Томислав Јотовски го задржа 582.место на новата АТП листа.

Тој најверојатно ќе направи прогрес дури од наредниот понеделник откако ќе му бидат запишани двата поена освоени претходната недела на фјучрсот во Анталија. Другите македонски претставници успеаа да се изборат за подобар ранкинг.

Горазд Србљак скокна 8 места и се наоѓа на 1.421. Димитар Грабул отиде понапред за 10 места или до 1.444. Бесир Дургути напредуваше за 21 позиција и сега е 1.867-ми додека Стефан Мицов се наоѓа на 1.959 место.

Share.

Leave A Reply