Јотовски го заврши настапот во Хрватска

0

Нашиот најдобар тенисер, Томислав Јотовски, доживеа елиминација на стартот на главната фаза на ИТФ фјучерсот во Пореч, Хрватска што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари.

Тој денеска загуби со 2 -0, по сетови 6:1 и 6:4, од Италијанецот, Јулијан Оклепо, кој е на 310-то  место на АТП листата. Јотовски кој подолг период  беше надвор од терените поради повреда, претходно успешно ги помина трите елиминациски кола.

Македонскиот тенисер во моментов се наоѓа на  1223-то место во светското рангирање што го прави АТП.

Share.

Leave A Reply