Јотовски го заврши настапот во Турција

0

Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски, доживеа елиминација во двете конкуренции на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра на земјени терени за награден фонд од 15.000 американски долари.

Осмиот носител во втората рунда загуби од Шахин Халедан од Иран кој вчера го доби и нашиот Бесир Дургути. Јотовски ги загуби двата сета со 6:1 и 6:4.

Македонскиот тенисер заедно со Канаѓанецот Краиник го предадоа мечот против комбинацијата Балмашев/Чорноус при негатива од 1-0 во гејмови во првиот сет.

 

 

Share.

Leave A Reply