Јотовски ќе атакува на првата победа во сингл

0

Нашиот најдобар тенисер,Томислав Јотовски, денеска го очекува настап во сингл во првото коло на фјучерс турнирот кој се реализира во Замарди, Унгарија.

Тој ќе игра против Домагој Биљешко. Јотовски во меѓусебните дуели со хрватскиот тенисер води со 1-0 во победи. Нашиот тенисер вчера со победа стартуваше во конкуренција на двојки откако со Милан Радојковиќ од Србија ги победија тенисерите од Словенија, Домен Гостинчар и Аљаз Радински и тоа 2 спрема 0 по сетови 6:1 и 6:4.

Македонскиот тенисер на најновата АТП листа го има 766 место во сингл додека во игра на двојки се наоѓа на 614 место.

Share.

Leave A Reply