Јотовски лесно го помина првото коло во Тунис

0

Најдобриот македонски тенисер, Томислав Јотовски, со победа ја започна 2018 година.

Тој како осми носител на  фјучерсот во Хамамет, Тунис, кој се игра за 15.000 американски долари, успеа да го совлада домашниот претставник Азиз Уака, со 2 спрема 0 и тоа идентично по сетови 6:4 и 6:4.

Во конкуренција на двојки Јотовски заедно со Милош Николиќ од Србија ќе играат против шпанската комбинација Николас Алварез Варона и Рафаел Луке.Јотовски на АТП ранг листата се наоѓа на 572 место со 52 поена.

 

Share.

Leave A Reply