Јотовски не му даде шанса на Колумбиецот

0

Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски, со победа го започна настапот на собирот во Хамамет – Тунис кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари.

Јотовски во улога на 8 носител  славеше лесна победа против  квалификантот, Жорди Муњоз  од Колумбија со 2-0 по сетови 6-4 и 6-2.

Во меч кој траеше 1 час и дваесетина минути, Јотовски имаше 82 процента на освоени поени со прв сервис и солидни 52 процента по второто уфрлување на топчето во игра.

Share.

Leave A Reply