Јотовски немаше проблеми со тенисерот од Австралија

0

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски, со победа го започна настапот на фјучерсот во Добој (БИХ) кој се реализира за награден фонд од 15.000 американски долари.

Тој во првото коло славеше против Ден Пропоџа од Австралија со убедливи 2 спрема 0 по сетови 6-3 и 6-0.

Во меч кој траеше околу 50 минути, Јотовски имаше одличен процент на прв сервис – 29/41 (71.00 %). Македонецот имаше и одличен процент на освоени  поени по прв сервис или 79 проценти.

Share.

Leave A Reply