Јотовски победник на турнирот во Телави

0

Најдобриот Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски успеа да го освои турнирот Телави Опен во Грузија. Тој во финалетот кое траеше цели четири часа го совлада Шпанецот, Гиљермо Оласо со 2:1 (7:6, 6:7, 7:6).

Овој вознудлив и драматичен натпревар на крај заврши со побед ана нашиот тенисер кој можеше да ја заврши работата многу брзо затоа што пропушти водство 5-0 во вториот тај-брејк. Возбудливо беше и во третиот сет кога Јотовски спаси четири меч топки на негатива од 3:5 и успе а да се врати во мечот кој на крајот и го доби.

Ова е седма титула во кариерата на Томислав Јотовски, но секако ова е највозбудливото финале кое досега го има одиграно.

Share.

Leave A Reply