Јотовски со половичен успех на стартот во Хамамет

0

Нашиот најдобар тенисер на АТП листата, Томислав Јотовски со победа во сингл и пораз во игра на двојки го започна настапот на турнирот во Хамамет.

Тој денеска го победи Шунсуке Вакита од Јапонија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови)  и во наредното коло ќе игра против победникот од шпанскиот меч меѓу  Серхи Перез Контри и третиот носител, Пол Толедо Баке.

Јотовски и неговиот партнер Милош Николиќ од Србија загубија со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2) од третите носители, Италијанците Кристијан Карли и Николо Туркети.

Share.

Leave A Reply