Јотовски убедлив во првото квалификациско коло во Бања Лука

0

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успешно го започна својот настап во квалификациите на тенискиот челинџер во Бањја Лука вреден 50.000 американски долари.

Тој во првото коло од квалификациите го „збриша“ тенисерот од БиХ, Михајло Самарџија со 2:0 во сетови односно 6:0 и 6:0.

Целиот овој натпревар траеше неполни 44 минути и му донесе пласман во второто квалификациско коло на нашиот тенисер. Таму Јотовски ќе има многу подобар противник, Ерик Крепалди од Италија.

 

Share.

Leave A Reply