Јотовски загуби и во игра на двојки

0

Нашиот најдобар тенисер, Томислав Јотовски, загуби и во играта на двојки на собирот во  Хамамет, Тунис кој се реализира за награден фонд од 15.000 долари.

Тој заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора беа совладани во четврт-финалето од Стивен Диез (Канада) и Бруно Мардонес (Шпанија) со 2-0 по сетови идентично со 6:4.

Јотовски вчера на стартот во сингл беше елиминиран од четвртиот носител Џерард Гранољерс-Пујол. Нашиот тенисер сега ќе се насочи кон фјучерс турнир во Италија кој има награден фонд од 25.000 долари.

 

 

 

 

Share.

Leave A Reply