Јовиќ: Од нас се бара да го дадеме максимумот

0

Ракометарите на Металург в недела во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекуваат лидерот во групата Монтпелје, во нов меч од ЛИгата на шампионите. По поразот на домашен терен од Чеховски Медведи, тренерот Александар Јовиќ вели дека ги очекува можеби најквалитетниот тим во двете групи од послабата конкуренција во ЛШ.

„Против Чеховски Медведи минатата недела покажавме како не треба да се бранат боите на еден клуб. Наша обврска е да покажеме дека заслужуваме да сме членови на Металург и да го дадеме максимумот. Тоа се бара од нас. Монпелје е апсолутен фаворит. Го гледавме и нивниот последен меч со Спортинг и видовме како може да се игра против нив“, вели Јовиќ.

Натпреварот меѓу Металург и Монпелје ќе се одигра в недела со почеток во 19 часот.

Share.

Leave A Reply