Во чест на 80. роденден на легендата на македонската кошаркa, Лазар Лечиќ денеска во Скопје ќе се одржи посебна Академија. Во организација на МОК, МКФ, клубовите Работнички и МЗТ Скопје и Агенцијата за млади и Спорт, веќе пристигнаа некогашните ѕвезди на југословенската кошарка, кои во Скопје ќе му дадат посебно признание на Лечиќ за се што направи во кариерата и како игра, а особено као тренер.
Академијате закажана во хотеот „Александар Палас“ со почеток во 13 часот.
Меѓу говорниците на прес-конференцијата се појавија Иво Данеу, Никола Плеќаш, Ратко Тврдиќ, Мирко Новосел, Боша Тањевиќ, а ќе ги има и многу други во текот на самиот настан.