Јуинг е заразен со Ковид-19

0

Легендата на кошаркарскиот состав Њујорк Никс, Патрик Јуинг, кој сега работи како тренер на Универзитетот Џорџтаун објави дека има корона-вирус.

„Сакам да им се заблагодарам на здравствените работници и на сите што се во првите линии против оваа болест. Јас ќе бидам добро и сите заедно ќе го надминеме тоа“ – вели Јуинг кој е хоспитализиран и засега е во добра здравствена состојба.

Тој цели 15 години помина во дресот на Њујорк Никс а играше и за Сиетeл и Орландо.

 

Share.

Leave A Reply