Јунајтед на лето го купува Бејл

0

Манчестер Јунајтед ќе направи обид да го донесе во своите редови во текот на летото следната година, крилото на Реал (М), Герет Бејл, тврди весникот “Мирор”.

Ова ќе биде трет обид на тимот да привлече Велшанецот, откако тој е на “Сантијаго Бернабеу”. Иако пропушти 40 од последните 60 натпревари на “кралевите”, брзоногиот фудбалер се уште е на мета на англискиот гигант.

“Кралскиот клуб” го купи Велшанецот за рекордни 85 милиони фунти во 2013 година, а во 2016 година потпиша нов договор со него до 2022 година. Се верува дека Реал ќе побараат да си ја вратат инвестицијата од трансферната сума која ја вложија во него пред неколку години.

Share.

Leave A Reply