Јунајтед против Селта, Лион со Ајакс во полуфиналето на ЛЕ

0

Фаворитот Манчестер Ј. ќе игра против Селта во полуфиналето на Лигата на Европа, додека екипата на Ајакс ќе се сретне со вториот фаворит, екипата на Лион. Натпреварите ќе се одиграат на 4 и 11 мај, а финалето е на 24 мај во Стокхолм. Победникот на турнирот автоматски се пласира во Лигата на Шампионите.
Ајакс е единствениот од четирите тима кој го освоил второто по ранг европско клупско натпреварување. Гигантот од Амстердам беше победник во Купот на УЕФА во 1992 година. Останатите три тима – Манчестер Јунајтед, Лион и Селта се дебитанти во полуфиналето.

Share.

Leave A Reply