Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија викендовго освои првото место на пријателски турнир во Шумен, Бугарија.
Тони Симиќ повторно ги предводеше кошаркарите до 18 години кои без пораз го освоија турнирот. На првиот натпревар, јуниорите запишаа триумф од 89-69 против кошаркарскиот клуб Оканик од соседна Србија, а во финалето против Бугарија славевме со 88-74.
Со постигнат 41 поен во финалниот натпревар нашиот репрезентативец Андреј Андоноски се закити и со трофејот за најкорисен играч (MVP).