Јуп Хејкинс му дава поголема слобода на Милер во играта

0

Старо – новиот тренер на Баерн Минхен Јуп Хејкинс има намера да ја врати слободата во играта на еден од своите миленици Томас Милер, открива весникот „Билд”. Под водство на Карло Анчелоти , Томас Милер беше главно резерва и забележа скромни 6 гола во 36 првенствени натпревари.

Сепак Јуп Хејкинс има други планови за Томас и го најавил тоа на тренингот вчера. Стратегот често зборувал со Милер за да игра многу повеќе во шеснаесетникот и му дава голема слобода за учество во акциите со останатиот дел од тимот.

„Тоа е императив тој да ги тренира сите елементи кои се потребни. Тоа вклучува и комбинација со соиграчите пред шеснаесетникот, но и завршување  на акцијата во завршната фаза од нападот. Томас треба да продолжи да работи концентрирано”, додаде Хејкинс.

Share.

Leave A Reply