Јута го „среди“ и Далас и го презема врвот на Западот

0

Кошаркарите на Јута Џез продолжуваат да редат победи. Синоќа „џезерите“ славеа дома против Далас Маверикс со 116:104 и со оваа победа се израмнија со шампионот ЛА Лејкерс на врвот на Западната конференција. Во меѓувреме, кошаркарите на Далас го загубија третиот натпревар по ред (шести од последните осум) и полека но сигурно влегуваат во сериозна криза.

Кларксон со 31 поен ги предводеше „џезерите“ до победа, додека Руди Гобер постигна 29 поени со 20 скока и 3 блокади. Кај Далас Дончиќ имаше 30 поени, а Хардавеј јуниор заврши со 19 и Порзингис 18 поени.

Пораз претрпе шампионот ЛА Лејкерс на гостувањето кај Филаделфија со 107:106, додека Милвоки го доби гостувањето кај Торонто со 115:108.

НБА СИНОЌА:

Мајами –  Денвер 82:109

Кливленд – Детроит 122:107

Орландо –  Сакраменто 107:121

Шарлот –  Индијана 106:116

Торонто –  Милвоки 108:115

Филаделфија  – Лос Анџелес Лејкерс 107:106

Атланта –  Бруклин 128:132 / пр /

Сан Антонио – Бостон 110:106

Јута – Далас 116:104

Феникс –  Оклахома 97:102

Њу Орлеанс – Вашингтон 124:106

Share.

Leave A Reply