Јуве е на чекор од ангажман на Матуиди

0

Италијанскиот шампион Јувентус е многу блиску до постигнување договор за купување на играчот за врска на ПСЖ, Блес Матуиди.

Според информации на “Скај Италија”, францускиот репрезентативец ќе пристигне на “Јувентус Емирати” за сума од 25 милиони евра. ПСЖ се подготвени да се разделат со него, откако тимот ќе го донесе во своите редови Фабињо од Монако.

Матуиди одамна е меѓу посакуваните играчи од тренерот на Јуве Масимилиано Алегри, но до овој момент двата клуба немаа успех во преговорите.

Share.

Leave A Reply