Јуве еден месец без Дибала и Маркизио

0

Лекарскиот штаб на италијанскиот шампион Јувентус ги потврди лошите прогнозите за враќањето на повредените Паоло Дибала и Клаудио Маркизиo.

Рокот за враќање на двајцата ќе биде најмалку 30-40 дена, што значи дека двајцата веројатно ќе го пропуштат првиот судир со Тотенхем во 1/8-финалето во Лигата на Шампионите, кој е закажан на 13 февруари.

Проблеми со повредите имаат и Џанлуиџи Буфон и Хуан Куадрадо, но до крајот на неделава тие ќе се подготвени за индивидуален режим на работа. Двајцата ќе го пропуштат дуелот со Џенова од следното коло.

Share.

Leave A Reply