Јуве гледа во Манолас замена за Бонучи

0

Јувентус најде замена за играчпт кој замина во Милан Леонардо Бонучи. Тоа е дефанзивецот на Рома Костас Манолас кој ова лето привлече интерес на неколку гиганти.

Според италијанските медиуми, „бјанконерите” понудиле 40 милиони евра за правата на 26-годишниот фудбалер.

Потсетуваме дека грчкиот репрезентативец беше блиску до трансфер во Зенит, но во последен момент фудбалерот одби да премине во рускиот клуб. Манолас е фудбалер на Рома од 2014 година, има одиграно 100 натпревари и постигнато 3 гола во италијанската Серија „А”.

Share.

Leave A Reply