Италијанскиот фудбалски шампион Јувентус е подготвен да го продаде аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ова лето. Притоа, „Старата Дама“ веќе ја одреди и цената за слободата на Аргентнецот – 18 милиони евра.
Споре дпишувањата на торинските весници, интерес за популарниот „Ел Пипита“ има од неговиот матичен клуб, Ривер Плата. Игуаин ј апочна својата фудбалска кариера во овој аргентински клуб, па доколку се врати во Буенос Аирес таму може и да ја заврши кариерата.
„Бјанконерите“ платија дури 90 милиони евра за неговиот трансфер од Наполи во 2016 година.