Јуве го продава Кедира

0

Германскиот фудбалер, Сами Кедира, иако се врати во редовите на Јувентус најверојатно ќе мора да си побара нова средина откако тренерот, Андреа Пирло, најави дека не го планира за претстојната сезона.

33-годишниот фудбалер ја одработува последната година од договорот со „старата дама“ која, пак, се надева дека до крајот на преодниот рок ќе успее да го продаде.

Кедира пред 5 години го напушти Реал Мадрид и како слободен играч потпиша за шампионот на Италија.

Share.

Leave A Reply