Јувентус го договорил доаѓањето на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Матео Дармиан и тоа на позајмица до крајот на сезоната, со опција за перманентен договор.
„Старата Дама“ подолго време пројавува интерес за дефанзивецот, но на крајот се одлучи да почека со негово купување. Најверојатно Јуве ќе мора да издвои сума од 3 милиони евра за Дармиан, а ако се решат да го купат на лето ќе мора да извадат дополнителни 8 милиони евра.
Договорот на Дармиан со Манчестер Ј. е до 2020 година.