Јуве има предност на хартија, Холанѓаните најавуваат офанзива

0

Фудбалерите на Јувентус доцна вечер од 21.00 часот на „Алијанц Арена“ во Торино ќе му бидат домаќини на Ајакс во реваншот од  1/4 финалето во Лигата на шампионите. Двата тима имаат подеднакви шанси да продолжат понатаму откако првиот меч на „Јохан Кројф Арена“ заврши нерешено 1:1. Надежите на навивачите на “Старата дама” повторно се поврзуваат со името на Кристијано Роналдо, кој во претходниот круг со неговиот хет-трик практично сам го елиминира Атлетико Мадрид.

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, предупредува дека Ајакс игра одлично како гостин. Тој се повика на статистиката која покажува дека тимот од Амстердам нема пораз на гостински терен во тековнава сезона. Искусниот стратег не сакаше ништо да ризикува и во текот на викендот им даде одмор на главните играчи. Ајакс пак во саботата го прегази тимот на Екселсиор” со 6: 2.  Единствена предност за Јуве е тоа што постигна гол на гостински терен.  Што се однесува до ростерот на Јуве има два момента за издвојување, Џорџо Киелини ќе го пропушти натпреварот поради повреда додека младиот талент Мојс Кин ќе добие шанса да заигра и тоа на местото на повредениот, Марио Манџукиќ. Во редовите на Ајакс ќе го нема само казнетиот Николас Таљафико. Доколку Јуве влезе во полуфиналето во Лигата на Шампионите тоа ќе биде му биде третото учество во последните пет сезони.

Можни состави: Јувентус: Шчесни, Кансело, Бонучи, Ругани, А. Сандро, Чан, Пјаниќ, Матуиди, Бернадески, Кин и Роналдо.  За Ајакс се очекува да настапат од првата минута: Онана, Мазрауи, Де Лајт, Блинд, Велтман, Шоне, Ван де Беек, Де Јонг, Зијах, Тадиќ и Нерес. Главен судија ќе биде Клемен Турпин –Франција.

Share.

Leave A Reply