Јуве ќе има нови дресови

0

Фудбалерите на Јувентус в недела против тимот на Верона ќе го одиграат последниот меч во Серија „А“ во тековнава сезона.

Токму тој натпревар ќе биде искористен од страна на производителот на спортска опрема – „Адидас“ да ги презентира новите дресови наменети за играчите на „старата дама“ кои ќе ги користат од наредната сезона.

Според претходно прикажаните модели од страна на „Адидас“, може да се забележи дека на новите дресови кои се наменети за играчите има стандардно црно-бела комбинација но, со помалку шари.

Share.

Leave A Reply