Италијанскиот шампион Јувентус размислува да и го понуди на Херта (Берлин) напаѓачот Федерико Бернардески во замена за Кшиштоф Пионтек, тврди деенска „- Кориере ди Торино“.
„Старата дама“ се обидува да пронајде уште еден напаѓач а полскиот фудбалер е една од опциите за „бјанконерите“. Пионтек има доволно сериозно искуство во Серија А бидејќи настапуваше за Џенова и Милан. Тој во тековнава сезона има 4 голови и 2 асистенции на 17 натпревари во Бундеслигата.
Што се однесува до Бернардески, тој не успеа да се наметне откако направи трансфер од Фиорентина во 2017 година за 40 милиони евра. Од почетокот на сезоната 2020/2021, крилниот напаѓач има само 1 гол на 20 натпревари на сите турнири.