Јуве со добра понуда сака талент од Рома

0

Италијанскиот шампион Јувентус е подготвен да даде добра понуда во летниот преоден рок во висина од 40 милиони евра за младиот играч од средниот ред на Рома, Никола Заниоло, тврди „Газета Дело Спорт“.

19-годишниот фудбалер минатото лето се пресели во главниот град на Италија од Интер. Тој е младински репрезентативец на Италија и е сметан за еден од најталентираните млади играчи во Италија.

Неговите импресивни настапи во составот на Еузебио Ди Франческо ги натераа во Торино да размислат за добра понуда со која би го донеле во своите редови. На тренерот Масимилијано Алегри многу му се допаѓа младиот играч и мисли дека е иднината на фудбалот во Италија.

Од друга страна, Рома тешко да се раздели од овој талент, па дури и раководството на клубот е подготвено да му понуди нов и подобар договор.

Share.

Leave A Reply