Јувентус е сериозно заинтересиран за купување на играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско, објавија италијанските медиуми.
Раководството на бјанконерите планира да склучи договор со 26-годишниот шпански играч во период од пет години.
Договорот може да се заврши и оваа зима, но најверојатно е тој сепак да им пристапи на Италијанците во летниот трансфер период.
Договорот на Шпанецот со Реал е до 30 јуни 2022 година, но тој одамна е на излезна врата од „Бернабеу“.