Дефанзивецот на италијанскиот гигант Јувентус Андреа Барѕаљи ќе отсуствува од терените околу два месеци, соопштија од клубот.
Според информацијата, 37-годишниот дефанзивен играч има повреда на мускулот и ќе се врати во игра по Нова Година. Ветеранот нема да биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри за натпреварите од Серија „А” со Интер, Рома и Торино, како и против Јанг Бојс во Лигата на Шампионите и Милан за „Суперкупот“ на Италија.
Барѕаљи одигра 200 минути за Јувентус оваа сезона. Тој главно беше користен како резерва поради својата возраст и голема конкуренција. Во центарот на одбраната „бјанконерите” ги имаат уште Џорџо Киелини, повратникот од минатото лето Леонардо Бонучи, Меди Бенатија и Даниеле Ругани.
Повреди сеуште имаат Емре Чан, Сами Кедера и Федерико Бернардески. Леонардо Спинацола се најде во групата за гостувањето кај Фиорентина, но сеуште не е подготвен да направи деби за шампионот.