Јувентус без триото Манџукиќ, Барѕаљи и Киелини

0

Јувентус ќе биде без тројца клучни играчи на денешниот дуел со Палермо со кој стартува 25. коло од Серија А лигата. Според информациите од „Старата Дама“, Марио Манџукиќ, Андреа Барѕаљи и Џорџо Киелини нема да му бидат на располагање на Масимилијано Алегри за вечерашната пресметка.

Хрватот е под суспензија, додека дефанзивците имаат повреди и нема да му бидат на располагање на домашниот тим. Ова ќе биде мала шанса за гостите, кои предводени од нашиот Несторовски ќе бараат шанса да останат непоразени.

Отсуствата на овие тројца, речиси сигурно ќе доведе до промена во шемата во играта на тимот. Од оние 4-2-3-1, со кои Алегри настапуваше во последните неколку дуели, сега многу веројатно е да се врати на стандардните за него, 3-5-2.

Share.

Leave A Reply