Јувентус дојде до титула, а Роналдо до нов рекорд

0

Јувентус вчера со победата од 2:1 над Фиорентина, официјално ја обезбеди титулата во Серија А за оваа сезона.

Суперѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо, стана првиот фудбалер во историјата кој успеал да освои титула во англиската, шпанската и италијанската лига, односно да освои титула во три од Топ 5 првенствата во Европа.

Ова е втор трофеј за португалецот со тимот на „Старата дама“, откако го освои Суперкупот на Италија во јануари, благодарение на неговиот гол против Милан 1:0. Освен „Скудето“, тој има три титули во Премиер лигата за шест сезони поминати во Манчестер Јунајтед и две титули во Ла Лига од 9 сезони во дресот на Реал Мадрид.

Јувентус ја освои рекордна 35 титула според официјалната статистика, а тренерот Масимилиано Алегри стана првиот Италијанец со пет последователни титули во Калчо лигата.

Share.

Leave A Reply