Јувентус се уште не завршил со нови засилувања за ова лето. Според француски „Л’Екип“, италијанскиот шампион се распрашува за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.
Италијанскиот клуб изминатите неколку месеци внимателно ги следи настапите на Французинот, а скаути на тимот биле и на дуелот меѓу Лион и Анжер кој „лавовите“ го добија со 6:0. На овој натпревар Муса постигна два гола.
Засега нема информација дали од редовите на италијанскиот хегемон дошла првата понуда за Дембеле или тоа ќе се случи наскоро.