Со победата од 1:0 синоќа против Интер во „Дербито на Италија“ Јувентус го израмни рекордот на ПСЖ од оваа сезона за најдобар старт во топ 5 првенствата во Европа, откако се даваат три поени за победа.
Со 43 поени по првите 15 кола во Серија „А” „бјанконерите” го израмнија постигнувањето кое ПСЖ го постави во оваа сезона, исто така во првите 15 средби во „Лига 1“. Шампионот на Италија има 14 победи и само едно реми 1:1 на домашен терен со Џенова во 9-то коло.
Во средата сепак ПСЖ одигра втор нерешен натпревар во 16-от дуел од француското првенство (1:1 со Стразбур) и така при победа во следното коло Јувентус може да ги помине по освоени поени во првите 16 првенствени средби.