Дефанзивниот играч на Јувентус, Жоао Кансело, нема да биде во можност да настапува за својата екипа до крајот на годината поради повреда на коленото.
Тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри ја потврди оваа информација дека португалскиот интернационалец ќе биде подлегнат на операција на менискусот, која ќе го оддалечи од терените до крајот на јануари наредната година.
Тоа не е единствениот удар за Јувентус, исто така и Хуан Квадрадо ќе биде отсутен наредните неколку недели, поради истегнување на лигаментите на десното колено на дуелот против Јанг Бојс од ЛШ.
Јувентус денес го игра градското дерби против Торино на гостински терен, дуел во кој ќе се обиде да ја задржи одличната предност на врвот на табелата во Серија А и да остане непоразен.