Големите ривали за шампионската титула во Италија, Интер и Јувентус може да се најдат во трансфер војна за играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, објави „Тутоспорт“.
19-годишниот млад фудбалер се најде во плановите за трансфер на двата гиганти, секој од нив е спремен да даде се што е потребно за да го донесе во своите редови овој играч.
Тонали важи за еден од најголемите таленти во Италија, па дури и споредуван со легендата Андреа Пирло. Иако има само 19 години, тој веќе е репрезентативец на својата земја. Покрај Јувентус и Интер, заинтересирани за него се и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Барселона и ПСЖ.
Според информациите на „Тутопорт“, Јувентус во моментов е на чекор пред конкурентите за потписот на младиот фудбалер и веќе контактирале со претседателот на Бреша и се подготвени д ададат официјална понуда.