Крилото на Олимпик Марсеј, Марли Аке пристигна во Торино за да се подложи на лекарски прегледи пред неговиот трансфер во Јувентус, објавија италијанските медиуми.
Во исто време 18-годишниот фудбалер за врска на италијанскиот шампион, Франко Тонга, ќе му се приклучи на францускиот клуб. Аке, кој неодамна наполни 20 години, за Марсеј одигра 26 натпревари.
Четири од нив се во Лигата на шампионите – против Олимпијакос, Манчестер Сити и Порто а токму „змејовите“ се наредниот противник на „бјанконерите“ во елитата на Европа. Сепак, Французинот барем првично ќе игра за вториот тим на „Старата дама“.