Јувентус направил втора значително подобра понуда кон Ајакс за Матијас де Лихт со вредност од 67 милиони евра, соопштуваат холандските медиуми.
Во Торино се надеваат дека оваа сума ќе ги задоволи Холанѓаните и фудбалерот ќе може да биде претставен уште во сабота.
Според информациите првиот предлог на италијанскиот шампион беше со вредност од 50 милиони евра, но била одбиена бидејќи од Ајакс барале да добијат 75 милиони евра. Се претпоставува дека во сегашната понуда од 67 милиони евра се додадени и клаузули со кои евентуално би се зголемил износот.
Уште пред неколку дена агентот на фудбалерот Мино Рајола откри дека 19-годишниот талентиран играч се договорил за личните услови и чека двата клуба да си дадат рака. Де Лихт во моментов се подготвува со екипата од Амстердам.